Патрушев: Украина ќе престане да постои

Од:

Помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев денеска изјави дека не ја исклучува можноста Украина да престане да постои како држава веќе во 2025 година.

„Посебно е загрижувачки што насилната примена на неонацистичката идеологија и огнената русофобија ги уништуваат некогаш просперитетните градови на Украина, вклучувајќи ги Харков, Одеса, Николаев, Днепропетровск. Можно е во наредната година Украина целосно да престане да постои“ рече Патрушев во интервју за Комсомолскаја Правда.

Коментирајќи ја геополитичката ситуација и очекувањата за промени во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Патрушев оцени дека времето ќе покаже дали Трамп ќе може целосно да ги спроведе своите намери.

„Како што покажа неговиот прв мандат, озлогласената длабока држава во САД е многу силна. Можеби нема да му дозволи да се сврти. И искуството од изборната кампања и обидот за атентат врз неговиот живот бара подготвеност за најнезамисливите сценарија“, рече Патрушев, додавајќи дека позициите на Трамп не ги делат сите американски елити.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности