Патници и екипаж на аеродромот „Гетвик“ ставени во карантин

Од:

Летот од Барбадос до аеродромот „Гетвик“ во Лондон беше пречекан од властите по пристигнувањето во британскиот главен град кога за време на летот патниците и екипажот пријавија дека не се чувствуваат добро.

Службите за вонредни состојби ги пречекаа патниците и екипажот веднаш по слетувањето рано изутринава, соопшти полицијата во Сасекс.

Како мерка на претпазливост авионот беше ставен во карантин, а сите од авионот беа прегледани од медицински лица по што сите го продолжија своето патување, додаде полицијата.

Еден од патниците изјави за Си-ен-ен дека сите во авионот доаѓале од крстарење поради што се претпоставува дека болеста ја добиле на бродот. Симптомите главно вклучувале кашлица, најверојатно како резултат на инфекција на дишните патишта.

Од авиокопанијата „Вирџин“ потврдија дека некои од патниците на летот од Барбадос до Лондон не се чувствувале добро и додадоа дека работат со медицинските лица и аеродромот на спроведување целосна истрага за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски