Патен: Случувањата во Хонг Конг се последица на кинеското непридржување на дадените ветувања

Од:

Последниот британски гувернер во Хонг Конг, Крис Патен изјави денеска дека она што сега се случува во оваа теритерија е последица на непридржувањето на Кина на ветувањата што ги има дадено.

Патен смета дека сега е време за нови разговори околу демократските реформи во Хонг Конг, кој од 1997 година одново е вратен на Кина, но со зачувување на неговата економско, финансиска и социјална посебност и со човекови и политички слободи сосема различни од оние во НР Кина, врз основите на кинеската „формула“ за една држава со два система.

„Дијалогот треба да ги замени солзавецот и лутиот гас што го користи полицијата„-вели Патен, инсистирајќи дека сето ова немаше да се случува доколку Пекинг не ги прекршеше сопствените ветувања за иднината на Хонг Конг по завршувањето на британското управување.

Патен потсетува дека при правењето на британско-кинеската спогодба за идното уредување на Хонг Конг, официјален Пекинг уверуваше дека прашањата, како оние кои се причина за сегашните протести,ќе бидат во делокругот на локалните хонгконшки власти, но Кина се повлекува од тогаш дадените ветувања.

Со спогодбата, Кина се обврза дека за изборите за лидер и за другите високи политички функционери во територијата, во 2017 година, ќе дозволи слободно кандидирање и гласање.

Со проектот за изборни реформи, што го понуди Пекинг, во август годинава меѓутоа Кина се согласува на слободни избори, но не и на слободно номинирање на кандидатите. Кинеските власти сега инсистираат дека кандидатите за највисоките функции во самоуправната територија, претходно ќе мора да се „оверат“ од посебниот комитет за номинирање кој е под контрола на Пекинг.

Демонстрантите бараат Кина да се откаже од правото да става вето на кандидатите, инсистирајќи на потребата да се дозволи вистинска демократија.

Еден од лидерите на протестите кои денеска се најмасовни и го ставија во втор план одбележувањето на 65 годишнината од создавањето на НР Кина, смета дека има се помалку простор за правење компромис, откако актуелниот лидер на Хонг Конг, Си Леунг ги повика демонстрантите да ги прифатат изборните реформи онака како што ги предлага Пекинг. Водството на демонстрантите сега бара средба и директни преговори за изборните реформи со пекиншките власти.

Крис Патен, висок функционер во британската Конзервативна партија и министер во владата на Маргарет Тачер остана запаметен што се расплака кога на церемонијата во 1997 година, во Хонг Конг беше симнато британското а подигнати знамињата на НР Кина и на оваа самоуправна територијата.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше