Пашињан: Турција повторно го одбира патот што води кон геноцид

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашињан ја обвини Турција дека „повторно го одбира патот што води кон геноцид“ и изјави дека турската војска директно спроведува офанзива на азербејџанските сили против етничките Ерменци во Нагорно Карабах.

– Ситуацијата е многу посериозна отколку за време на претходните конфликти во 2016 година. Многу е посоодветно да се спореди со 1915 година, кога беа убиени над 1,5 милиони Ерменци во првиот геноцид на 20 век, рече Пашањин за парискиот весник „Фигаро“.

Тој додаде дека турската држава, која продолжува да го негира минатото, „повторно е на патот на геноцидот“. Пашањин, исто така, тврди дека Турција испратила илјадници сириски платеници во регионот на Кавказ, како и дека турски воени офицери ја предводеле азербејџанската офанзива.

– Светот мора да биде свесен за тоа што се случува таму. Турција сака да ја зајакне својата улога и влијание во Јужен Кавказ. Сонот е да се изгради империја како што беше султанатот и се движи по пат што може да го запали регионот, рече ерменскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ