Пашињан: Ставот на Ерменија за Нагорно Карабах е непроменет

Од:

Позицијата на Ерменија во однос на статусот на Нагорно Карабах остана непроменета, изјави премиерот на таа земја, Никол Пашињан.

– Знаете каква е позицијата на Ерменија во врска со статусот на Нагорно Карабах, тој, се разбира, остана непроменет, рече Пашињан во интервју за ТАСС, одговарајќи на новинарско прашање зошто во трилатералниот договор за прекин на огнот во регионот не се споменува ништо за неговиот статус.

Ерменскиот премиер рече дека статусот на Нагорно Карабах допрва треба да се утврди преку процесот на преговори во рамките на Минската група на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511