Пашинјан: Путин имаше исклучително важна улога во запирање на крвопролевањето

Од:

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одиграл исклучителна улога во запирањето на крвопролевањето во Нагорно-Карабах.

– Сакам да ја нагласам исклучителната улога на Путин. За време на сите 44 денови конфронтација, бевме во постојан контакт и разговаравме за неопходните мерки за запирање на крвопролевањето и заштита на човековите животи, истакна Пашинјан на Самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност.

Тој најави дека ќе ја продолжи блиската соработка со Путин за решавање на прашањата како што се потрага по исчезнатите, размена на воените заробеници и размена на посмртните останки на загинатите.

Судирите во Нагорно-Карабах избија на 9 септември, а лидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот, според која азербејџанските и ерменските сили останаа на заземените позиции, додека во регионот беа распоредени руски мировни сили.

Би можело да ве интересира

Путин: Поморските стратешки нуклеарни сили опремени со модерно оружје

А1он

Путин нареди регрутација, 160.000 луѓе се приклучуваат на армијата од април до јули

А1он

Путин најави развој на руската арктичка зона и арктичкиот транспортен коридор

Горан Наумовски

Путин пристигна во регионот Курск, предложи формирање безбедносна зона долж границата

А1он

Путин: Првите контакти со новата американска влада влеваат одредена надеж

А1он

Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети

А1он