Партнерката на Оланд тужи три неделници

Од:

Адвокатот на Валери Триервилер, партнерката на францускиот претседател Франсоа Оланд, истакна дека во нејзино име покренал судски постапки против три неделници, откако вчера успеа да го осуди неделникот ВСД да плати казна од 2.000 евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според адвокатот Фредерик Жифар во моментов се водат уште три судски постапки против неделниците Клозер, Воаси и Публик, затоа што објавиле фотографии од претседателската двојка во костуми за капење на насловните страници.

Ова, според адвокатот, имало за цел само поголеми тиражи.

На прашањето зошто нема тужба и протуив Пари Мач, неделникот во кој работи Валери Триервилер, нејзиниот адвокат вели дека нивното претставување било многу подискретно, имало само една слика и тоа во мал формат во внатрешните страници, и немало привлечна фотографија на насловницата.

ВСД беше осуден да и плати на Валери Триервилер 2.000 евра поради објавување на фотографии во костуми за кепње со претседателот Оланд за време на нивниот летен одмор во Брегансон. Оваа сума партнерката на претседателот планира да и ја даде на НВО Репортери без граници.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски