Партијата на Макрон ги објави имињата на кандидатите за пратеници

Од:

Центристичката партија Републиката напред на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ги објави имињата на 428-те кандидати за пратеници, од кои 52 отсто се членови на граѓанскиот сектор, јави дописникот на МИА од Париз.

Во Франција има вкупно 577 изборни единици во кои се избираат пратеници според мнозинскиот систем, а имињата на преостанатите кандидати ќе бидат познати до крајот на неделава.

Меѓу канидатите на Републиката напред има подеднаков број на мажи и жени. Меѓу нив дури 24 се досегашни пратеници од редовите на владејачката Социјалистичката партија. Партијата одби да го предложи поранешниот премиер социјалист Мануел Валс како свој канидат за пратеник, но во изборната единици во која ќе се кандидира тој нема да предложи свој кандидат.

Од вкупниот број кандидати за пратеници, 93 отсто се вработени, два проценти бараат работа, четири отсто се пензионери, а еден процент се студенти.

Дури 95 отсто од кандидатите на Републиката напред во моментов не се пратеници, со што според нејзиниот генерален секретар Ришар Феран, партијата сака да изврши „рекомпизицијата на политичкиот пејсаж“ на Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано