Партијата на Ангела Меркел бира нов лидер

Од:

Германската Христијанско-демократска партија (ЦДУ), на канцеларката Англеа Меркел, на 16 јануари на онлајн Конгрес ќе го избира новиот претседател на партијата. Актуелната претседателка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, која во 2018 година ја замени Ангела Меркел на лидерската позиција, најави повлекување.

Конгресот досега два пати беше одложуван поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи делегатите не можеа да се соберат.

Околу 1.000 делегати ќе изберат нов претседател на партијата и потенцијален кандидат за канцелар на федералните парламентарни избори во Германија следната 2021 година.

Тројца главни претенденти за оваа функција се гувернерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, поранешниот претседател на парламентарната група на партијата, Фридрих Мерц и претседателот на парламентарниот комитет за надворешна политика, Норберт Роетген.

Членовите на партијата пред гласањето можат да номинираат и други кандидати.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија