Литванската опозициска Партија на литванските селани и зелената унија (ЛПГУ) прогласи победа по вчерашниот втор круг од парламентарните избори и наведе дека ќе почне преговори со конзерватвците и социјалдемократите за формирање на коалициска влада.
– Нашата влада ќе биде транспарентна, одговорна, професионална и одлучна, истакна Саулиус Сквернелис, кандидат на ЛПГУ за премиер.
Во Парламентот кој има 141 пратеник, ЛПГУ освои најмногу места – 56.
Конзервативната Унија за татковината, која во првиот круг освои најголем број гласови, во вториот освои 30 мандати, а досегашните владејачки социјалдемократи – 17 места.
Главна причина за победа на опозицијата е незадоволството од левичарската влада, пред се поради ниските плати и големиот одлив на работна сила од земјата.