Парли: Треба да спречиме Вселената да стане арена на идни војни

Од:

Франција треба повеќе да вложува во надзор на Вселената со цел никогаш да не стане арена на идни војни, изјави денеска француската министерка за одбрана Флоранс Парли.

Нејзината изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави формирање на шести огранок на војската на САД, кој ќе се фокусира на Вселената.

– Мораме да бидеме во можност да интервенираме во Вселената повеќе од кога било, за да би можеле да набљудуваме и да спречиме да стане мегдан на големи судири, посочи Парли.

Коментарите на Трамп предизвикаа загриженост поради трката во вооружување во Вселената, иако САД се земја членка на Договорот за вселената од 1967 година, според кој е забрането стационирање на оружје за масовно уништување на Вселената и ја ограничува употребата на Месечината и другите небески тела во мирнодопски цели.

Идејата за вселенски сили ја промовираа и претходните американски администрации.

Во францускиот Парламент во моментот се расправа за предлог законот за воено планирање за периодот од 2019 до 2025 година според кој „Вселената е најважен стратешки интерес“.

– Пред растечките опасности и закани, потребно е понатамошно зајакнување на вселенските ресурси и системите кои се користат, се посочува во предлог законот.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт