Парламентарни избори во Лихтенштајн

Од:

Околу 19.200 жители на една од најмалите држави во Европа, Кнежевството Лихтенштајн, денеска го избираат новиот состав на 25-члениот Парламент – Ландтаг

Главната борба на изборите се води меѓу демохристијанската Татковинска унија (ВУ) и конзервативната Прогресивната граѓанска партија (ФБП). Покрај овие две партии, се очекува избориниот праг од осум проценти да го мине и социјалдемократската Слободна листа (ФЛ).

На последните избори во 2009 година, ВУ освои 13 пратеници, ФБП 11, а ФЛ еден.

Една од првите задачи на новиот Ландтаг ќе биде изборот на нова Влада, која се состои од претседател, негов заменик и тројца министри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каква случајност: Земјотресот во Лихтенштајн ја прекина расправата за задолжително осигурување од земјотрес

Горан Наумовски

Тричковски ги пропушта натпреварите против Лихтенштајн и Ерменија

Убиен генералниот директор на банка во Лихтенштајн

Емир Латифовиќ

Лихтенштајн ја укинува банкарската тајна

Ана Ололовска