Околу 19.200 жители на една од најмалите држави во Европа, Кнежевството Лихтенштајн, денеска го избираат новиот состав на 25-члениот Парламент – Ландтаг
Главната борба на изборите се води меѓу демохристијанската Татковинска унија (ВУ) и конзервативната Прогресивната граѓанска партија (ФБП). Покрај овие две партии, се очекува избориниот праг од осум проценти да го мине и социјалдемократската Слободна листа (ФЛ).
На последните избори во 2009 година, ВУ освои 13 пратеници, ФБП 11, а ФЛ еден.
Една од првите задачи на новиот Ландтаг ќе биде изборот на нова Влада, која се состои од претседател, негов заменик и тројца министри.