Парламентарни избори во Финска

Од:

Финците, по четири години поминати со строги мерки за штедење кои ја извлекоа земјата од рецесија, денеска гласаат на парламентарни избори на кои социјалдемократите би можеле да ја победат екстремната десница.

Избирачките места биле отворени утрово во девет часот, а околу 1,5 милион избирачи, односно над една третина, веќе претходно гласале благодарејќи на можноста да го дадат својот глас порано.

Според анкетите, опозициските социјалдемократи веројатно ќе станат најсилна финска партија и ќе ја преземат клучната улога за формирање идна влада по изборите.

Истражувањата покажуваат дека социјалдемократите, предводени од поранешниот министер за финансии Анти Рине, би требало да освојат околу 20 отсто гласови пред ултрадесничарската „Вистински Финци“ и десничарската Партија на народната коалиција, кои го делат второто место со околу четири проценти помалку од социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски