Парламентарни избори во Бахреин

Од:

Отворени се гласачките места за парламентарните избори во Бахреин, на кои 293 кандидати, меѓу кои и 41 жена, се натпреваруваат за мандат во 40-члениот Парламент.

Гласачките места ќе бидат отворени до 5 часот во Гринич.

Двете најголеми опозициски групи во малото кралство во Персискиот Залив, клучен сојузник на САД во регионот, шиитската Ал Вафак и секуларниот „Вахад“ – се забранети и не можат да учествуваат со свои кандидати на изборите. Нивното отсуство предизвика бројни повици за бојкот на гласањето.

Земјата со население од околу 1,4 милиони луѓе е управувана од сунитите. Според неофицијални податоци, оспорувани од страна на владата, сепак, нејзиното население е претежно шиитско.

Паралелно со парламентарните избори ќе има локални избори. За нив се регистрирани 160 кандидати.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска