Парк нареди подготовеност за остар одговор на провокациите од Пјонгјанг

Од:

Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хие нареди денеска на оружените сили да бидат подготвени остро да одговорат во случај на нови провокации на Северна Кореја, јави Јонхап.

– Нема да ги трпиме севернокорејските провокации кои ја загрозуваат безбедноста на нашите војници и на граѓаните, рече таа за време на ненајавената посета на воената база во градот Јогин, 40 км од Сеул.

Парк во момент на заострување на ситуацијата на Корејскиот полуостров ја провери борбената готовност на војниците во седиштето на Третата армија во Јогин.

До заострување на ситуацијата дојде вчера по размената на артилериски оган меѓу двете Кореи во западниот дел на демилитаризираната зона.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета