Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун Хуе изјави дека јапонскиот премиер Шинзо Абе повторно ја испуштил можноста да придонесе кон подобрување на односите меѓу двете држави. Овој став претседателката Парк денеска го објави на својот официјален веб-сајт, коментирајќи го одбивањето на премиерот Абе во говорот пред конгресмените во САД да не се извини за злоупотребата на над 200.000 корејанки како „сексуални робинки’’ во јапонските логори за време на Втората светска војна.
Во говорот во САД, минатата недела, Шинзо Абе рече дека жените биле најголемите жртви на сите војни, иако Јужна Кореја, но и Кина и Северна Кореја, од него очекуваат конкретно да се извини за масовната сексуална злоупотреба на жените од државите што беа под јапонска окупација.
Претседателката Парк со најновата изјава ја отфрли и можноста за директна средба со јапонскиот премиер, иако нивниот заеднички сојузник, Соединетите Американски Држави, најавија дури и заеднички воени маневри на армиите на трите држави.