Парк Геун-хе: Последните провокации на Северна Кореја докажуваат дека Пјонгјанг не сака мир

Од:

Последните провокации на Северна Кореја докажуваат дека Пјонгјанг не сака мир, изјави денеска претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хе во обраќање пред Парламентот, јави ТАСС.

– Нуклеарните и ракетните тестирања, кои неодамна беа извршени од севернокорејскиот режим јасно даваат до знаење дека оваа земја не се стреми кон мир на Корејскиот Полуостров, изјави таа.

Парк Геун-хе напомена дека од 1990 година Јужна Кореја потрошила 2,2 милијарди долари за хуманитарна помош за Северна Кореја, а уште 108 милиони долари биле потрошени за кесонскиот индустриски комплекс во истоимениот пограничен град.

– Голем дел од тие пари земаше севернокорејското раководство и ги трошеше за создавање на оружје за масовно уништување, нагласи јужнокорејската претседателка.

Според неа Сеул донел одлука за затворање на заедничката индустриска зона со цел да не му дозволи на Пјонгјанг да продолжи со развој на својот нуклеарен потенцијал.

– Само стопирањето на приливот на странска валута ќе го натера Пјонгјанг да ја осознае целата тежина на ситуацијата, нагласи Парк Геун-хе, која предупреди за нови, посилни мерки против Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета