Парк Геун-хе: Нуклеарната закана од Северна Кореја е директна

Од:

Нуклеарното оружје и ракетите на Северна Кореја претставуваат директна закана, изјави денеска јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе.

На средба со лидери на водечките јужнокорејски политички партии таа истакна дека Пјонгјанг „врши нови провокации, а тоа може да доведе до закана од војна на Корејскиот полуостров и можни се различни дејствија и терористички напади“.

Северна Кореја во петокот изврши петто по ред и досега најмоќно нуклеарно тестирање. Претходно денеска јужнокорејската агенција Јонхап објави дека Пјонгјанг подготвила ново нуклеарно тестирање во досега неупотребуван тунел на нуклеарен полигон во планина.

– САД треба да сфатат дека Северна Кореја е нуклеарна и воена држава, а нејзината армија и народ се подготвени да ги расчистат сметките со американките империјалисти, се наведува во денешниот текст на севернокорејскиот весник „Нодон синмун“, изразувајќи увереност дека „непријателската политика на Вашингтон кон Пјонгјанг“ е осудена на неуспех, бидејќи „армијата и народот се сплотени околу својот лидер и се убедени дека ќе извојуваат праведна победа“.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета