Париз во 2012 година го посетиле 29 милиони туристи

Од:

Во текот на 2012 година, Париз го посетиле рекордни 29 милиони туристи, соопшти Туристичкото биро на францусклиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, податоците покажуваат дека француската престолнина останува и натаму најпривлечна за Американците и Британците,

Според Бирото, во 2012 годиниа посетеноста на париските хотели била рекордна. Регистрирани се 15,68 милиони пристигнувања на туристи, што претставува пораст од 0,2 отсто, а исполнетоста на капацитетите била 79,9 проценти (раст од 0,1 отсто), ниво кое дсоега не е забележано.

Во Париз биле оставрени вкупно 36,9 милиони ноќевања во хотелите, од кои околу 13 милиони од страна на Французи, а останатите 23,9 милиони од странци.

Најбројни меѓу странците биле Американците и Британците, секои со над еден милион ноќевања во хотелите, односно  Американците со 4 милиони ноќевања (раст за 12 проценти) и Британците со над 2,5 милиони ноќевања (заголемување за 6 отсто).

Туристите од Швајцарија и Кина се тие кои забележаа најголем пораст – Шајцарците за околу 18 проценти на 313.000 посети и 795.000 ноќевања, а Кинезите за околу 15 отсто со 181.000 посети и 474.000 ноќевања.

Бројот на туристите од Шпанија и Италија шеста година по ред се намалува.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз