Париз: Велика Британија да не очекува ревизија на договорите со ЕУ

Од:

Францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави денеска дека новата француска влада не треба да очекува дека ќе може да договори нови услови за своето членство во Европската унија, што актуелниот премиер Дејвид Камерон го најави ако победи на парламентарните избори во земјата.

Сапен на конференција за новинари изјави дека лидерите на ЕУ не треба да исклучуваат длабоки реформи на Унијата, но исто така предупреди дека под моменталните околности би било погрешно да се тргне од претпоставка дека е можна ревизија на договроите.

Француски службеници претходно предупредија дека тешко би победиле на референдум, кој е неопходно да се спроведе за евентуална промена на одредби од договорот за ЕУ.

Во Велика Британија денеска се одржуваат најнеизвесните парламентарни избори по повеќе децении, по предизборната кампања која го привлче вниманието на Европа, со оглед на значењето на резултатите од гласањето за задржување на земјата во ЕУ.

Лидерот на владејачката конзервативна партија Дејвид Камерон најави референдум за задржување во ЕУ, додека претседателот на Лабуристичката партија Ед Милибанд е против референдум.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени