Париз тврди дека е потпишан договор за продажба на фрегати на Грција

Од:

Помалку од три месеци откако го торпедираа мега-договорот за подморници меѓу Франција и Австралија, САД се понудија да и продаваат фрегати на Грција, откако претходно беше потпишан договор меѓу Париз и Атина, јави дописникот на МИА.

Договорот за продажба на три француски фрегати на Грција „штотуку е потпишан“, објави денеска француското Министерство за вооружени сили, оценувајќи ја за ништовна конкурентната понуда што ја претставија САД.

-Бидејќи разговаравме со Грците, американската понуда повеќе не е на маса (..) Покрај тоа, го потпишавме договорот со Грците. Тој беше парафиран пред неколку дена, изјавија од Министерството за вооружени сили на Франција.

Меѓутоа, американската Влада ден претходно даде зелено светло за можна продажба на четири фрегати на Грција, влегувајќи во конкуренција со Париз кој во септември склучи претходен договор со Атина за три фрегати.

Соопштението на САД доаѓа на помалку од три месеци по договорот меѓу САД, Австралија и Обединетото Кралство со кој беше торпедиран мега договорот за француски подморници за австралиската морнарица, што предизвика невидена дипломатска криза меѓу Вашингтон и Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната