Париз: Шеф на криминална мрежа што искористувала млади Ромки осуден на 7 години затвор

Од:

Суд во Париз денеска го осуди на седум години затвор Феим Хамидовиќ, кој се товари дека раководел со криминална мрежа што искористувала млади Ромки за кражби и за питачење во францускиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Хамидовиќ, според обвинителниот акт и изнесените докази, стоел на чело на мафијашката мрежа во која млади Ромки од подрачјето на поранешна Југославија биле принудувани да крадат и питачат во париското метро.

Покрај ова, тие биле изложени на насилство доколку не ја исполнеле „нормата за заработка на пари“. Инаку, Хамидовиќ не живеел во Франција, тукусо криминалната мрежа во Париз раководел од Италија.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина