Париз промовора план за борба против расизмот и антисемитизмот

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс денеска претстави планот со 40 мерки за засилување на борбата против расизмот и антисемитизмот, за што се предвидени 100 милиони евра за идните три години, јави дописникот на МИА од Париз.

Четириесетте мерки се однесуваат на праводуството, интернетот и образованието, со кои е предвидено сите криминални дела поврзани со расизмот и антисемитизмот да бидат кваливикувани како прекршоци „со отежителни услови“, со што се овозможува и групна тужба.

Валс, кој го претстави планот во гимназијата во Кретеј, оцени дека „ во Франција на неподнослив начин се зголемуваат расизмот, антисемитизмот, омразата кон муслиманите и странците и хомофобијата“.

Како што предлагаше претседателот Франсоа Оланд, сите зборови и расистистички акти повеќе нема да бидат под удар на „законот за печатот“, туку под кривичниот закон со соодветни прилагодени казни.

Истовремено со мерките е предвиден крај на „пасивноста“ на интернет, со воведување на специјална единица за борба против омразата на интернет, со обврска за провајдерите на веб страниците да имаат правен претставник во Франција.

Од предвидените сто милиони евра, добар дел ќе послужат за финансирање на медиумската кампања, но и за акции на локално ниво. Односно годишно се предвидени 25 милиони евра за борба против расизмот во рамките на политиката на градовите.

Сепак, според експертите, најголемиот проблем со расизмот и антисемитизмот се предрасудите, затоа посебно во овие нови мерки се инсистира на знаењето, културата, образованието и воспитувањето кои се најголемите бастиони против омразата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата