Париз постави камени блокови за справување со мигрантите

Од:

За да спречи поставување на нов див мигрантски камп во близината на официјалниот прифатен центар за мигранти „Порт де ла Шапел“ во Париз, париските градски власти поставија камени блокови на просторот каде мигрантите ја минуваа ноќта.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, веќе неколку недели група мигранти, главно Суданци, престојуваат недалеку од мигрансткиот центар, бидејќи во текот на ноќите во него се зафатени сите места.

Еден од мигрантите по име Усма за француските медиуми изјави дека минатата ноќ спиел меѓу блокови. – Веќе 17 дена се обидуваме да влеземе во центарот, но Авганистанците не спречуваат, изјави овој Суданец.

Париското Градско собрание соопшти дека не воведува нова политика против камповите, најавувајќи акција за „згрижување“ на мигрантите,

Извор од градските власти соопшти дека Градот „не сака мали кампови во оваа област”, додавајќи дека областа ќе биде опкружен со бариери до крајот. – Сакаме да ги спречиме луѓето да спијат на тоа место, кое може да биде потенцијално опасно, додаде изворот.

Поставувањето на ѕидот од блокови беше веднаш осуден од волонтерите, кои им помагаат на мигрантите. Тие сметаат дека камените блокови се поставени за да се спречат мигрантите да преспиваат на тоа место/

– Оваа непријателска окупација на јавниот простор е недостојна, изјави еден од волонтерите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата