Париз отвора истрага за заложничката драма во Алжир

Од:

Јавното обвинителство на Париз отвори истрага за „грабнување проследено со смрт“ во врска со заложничката драма во која беа грабнати 41 странски државјанин и стотина алжирски работници во Алжир, јавува дописникот на МИА од Париз.

Француското правосудство има за пракса да отвора истрага во сите случаи на конфликт кога во странство има жртви со француско државјанство. Истрагата која е отворена денеска во Париз се однесува на „грабнување проследено со смрт поврзано со терористички потфат“ и „здружување на криминалци со цел да подготват злосторство за нарушување на интегритетот на повеќе лица“.

Според информациите кои беа пренесени во француските медиуми, двајца француски државјани успеале да се спасат, а двајца други се убиени. Едниот од убиените бил заложеник, додека другиот бил грабнувач. Овие информации се уште не се официјално потврдени во Париз.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск