Француската полиција вечерва објави потерница со фотографија на маж, осомничен за нападите во Париз. Потерницата гласи на име Салах Абдеслам, 26 години, роден во Брисел.
Полицијата ги предупреди луѓето доколку го видат дека е опасен и да не се обидуваат сами да интервенираат.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека ги идентификувала телата на уште двајца напаѓачи. Двајцата се Французи, а живееле во Белгија.