Франција нема да дозволи официјалното седиште на Европскиот парламент да биде преместено од Стразбур во Брисел, изјави денеска француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.
– Стразбур мора да остане седиште на европската демократија. Тоа е исто така, симбол на француско-германското помирување, изјави таа за Франс-3.