Париз и продаде на Грција 18 борбени авиони „Рафал“

Од:

Во рекордно време, четири месеци по намерата за купување изразена од Грција, Франција и Грција го потпишаа договорот за продажба на 18 борбени авиони од типот „Рафал“.

Потпишувањето се случи во Атина во присуство на француска делегација предводена од Флоранс Парли, министерката за вооружени сили и во присуство на нејзиноит грчки колега, Николаос Панагиотопулос. Францускиот министер имаше и прием од грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, бидејќи со овој договор дополнително се продлабочуваат интензивните политички односи и соработка меѓу двете европски земји. Со овој договор, француските борбени авиони го минуваат прагот од 100 меѓународни нарачки. Грција ќе ги добие своите први авиони во летото 2021 година.

Оваа наредба опфаќа „три договори“, прецизира кабинетот на Флоранс Парли. Првиот се однесува на испорака на 12 Рафали од најновиот стандард (Ф3Р) земен од флотата на француските сили и шест нови борбени авиони. Овој прв договор го потпиша Ерик Трапиер, извршен директор на Дасо Авијација, производителот на леталото.

Вториот се однесува на вооружувањето на авионите, во овој случај крстосувачките ракети „Скалп“, ракети против-бродовите „Ам39 егзосет“ и „Мика“, како и ракетите воздух-воздух со голем дострел „Метеор“. Тој беше парафирана од Bрик Беранже, извршен директор на европската компанија за ракети МБДА.

Третиот договор се однесува на услуги и обука, вклучително и симулатор на летови, обезбеден од Дасо авијација и Француските воздухопловни сили.

Одлуката на Грција да го подигне нивото на вооружување со купување на Рафал е предупредување за Турција, со која тензиите се на највисоко ниво откако Турците спроведоа кампањи за истражување на гас на истокот на Средоземното море, во водите што ги оспоруваа Грција и Кипар. Минатото лето, Франција и подаде рака на Грција, распоредувајќи два Рафали и два воени брода.

Атина со Рафале, се стекнува со повеќенаменски авион кој е „докажан во борба“, што значи дека ја докажа својата вредност во странски операции, особено во Мали во Сахел-Сахаран, во Либија и Левант. Со цел да се задоволи итната потреба на Грција и да се обезбеди нејзина воздушна надмоќ во Егејското Море, Франција се обврза да испорача шест од 12-те Рафали земени од нејзината флота ова лето.

„Меѓу 2021 и 2023 година, сите авиони ќе бидат испорачани: по првите шест од ова лето, следуваат шест нови авиони, а потоа последните шест повторно земени од француската флота“, објаснува Ерик Трапиер.

Вкупно, Грција планира да инвестира 5,5 милијарди евра во својата одбрана оваа година. Атина планира да нарача фрегати, хеликоптери, беспилотни летала и да ја модернизира својата флота на американски борбени авиони Ф16. Пораката ја слушна Анкара. По пет години прекин, Грција и Турција, обете членки на НАТО, ги продолжија вчера во Истанбул, дискусиите насочени кон решавање на нивниот спор во Медитеранот.

Ова не е првпат Грција да купува француски борбени авиони. „Грција е (…) привилегиран партнер на Франција, покрај која Дасо авијација стои цврсто повеќе од четириесет и пет години. Континуитетот на нашето присуство во Грција, дури и во најтешките времиња, е доказ за квалитетот на оваа врска. Затоа сум горд и среќен што го потпишав овој договор, што го симболизира продолжувањето на обврската преземена од Дасо Авијација од 1974 година со Грција. Им благодарам на грчките власти кои ја обновија својата доверба во нас. Ги уверувам во нашата целосна мобилизација за да ги постигнеме поставените цели , изјави Ерик Трапиер.

Потпишувањето на овие договори е добра вест за француската индустрија за вооружување. И, особено, за тимот на Рафал составен од Дасо Авијација, Талес и Сафран, како и за 400 МСП и 7000 вработени кои работат на програмата Рафал. Со грчкиот договор, францускиот борбен авион ја поминува границата од 100 продадени единици на меѓународно ниво на четири клиенти: Египет (24), Катар (36), Индија (36) и Грција (18).

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната