Париз бара истрага на европско ниво за аферата со „Фолксваген“

Од:

Францускиот министер за економија и финансии Мишел Сапен побара истрага на европско ниво за аферата околу германскиот автомобилски гигант „Фолсваген“, јави дописникот на МИА од Париз.

Во интервју за радиото Европа1, Сапен изјави дека за „смирување“ на скандалот со издувните гасови на возилата на „Фолксваген“ во САД, се чини дека е неопходно да се извршат проверки и на другите европски производители на возила.

Американските власти открија дека 482.000 возила од марките „Фолксваген“ и „Ауди“ произведени меѓу 2009 и 2015 година, што се продавале во САД, биле опремени со софтвер кој автоматски го детектира тестот за мерење на емисијата на гаасови за да предизвика лажни на резултатите.

Прашан во врска со потребата да се спроведе истрага за измами во Европа или Франција за овој случај, Сапен одговри дека на европскиот пазар важат европски правила, кои мора да бидат исполнети.

– Но за да бидат сигурни и едните и другите, сметам дека е потребно истото да се стори и за француските производители, изјави Сапен, додавајќи дека немаат „посебна причина да се мисли дека француските производители се однесувале како „Фолксваген““.

– Важно е да се дејствува во таа област, што е многу важно, бидејќи тоа е за загадувањето на воздухот, за да се избегне луѓето да се трујат, рече министерот.

Американските власти, според новинските извештаи, веќе отворија кривична постапка против гермаскиот автопроизводител. Германската Влада, пак, нареди „темелни испитувања на дизел моделите“ на оваа марка.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата