Париската полиција заплени 60 тони мали копии на Ајфеловата кула

Од:

Француската полиција заплени 60 тони мали копии на Ајфеловата кула, кои нелегални трговци планирале да ги продадат на црно.

Стоката била откриена во магацин во близина до парискиот аеродром Бурже. Една Кинеска е приведена. Се претпоставува дека копиите се донесени од Кина. Кинески банди, во источниот дел на Париз, потоа ги препродаваат копиите на на други криминални банди кои ги контролираат уличните трговци, кои најчесто доаѓаат од африканските земји.

Според податоци на полицијата, меѓу 300 и 400 нелегални трговци има околу Ајфеловата кула. Полицијата ги повикува туристите да не купуваат сувенири од нив.

Во друга операција во квартот на Париз Маре, од канцеларија биле запленети уште неколку илјади мали копии на Ајфеловата кула и 150.000 евра. Париз годишно е посетуван од 29 милиони туристи.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина