Париската полиција „случајно“ заплени 1 милион евра кај трговец со дрога

Од:

Полицајци од Париз вчера вечер случајно заплениле околу еден милион евра, пронајдени во автомобилот и домот на  лице кое продавало дрога низ Париз со својот автомобил, јавува дописникот на МИА од Париз.

Оваа необична заплена производи од трговија со дрога се случила вчера вечер околу 19 часот кога полицајците заблежале на улицата Обервилие во 19-от париски арондисман едно лице за кое се посомневеале дека е дилер.

Полицијата го апси и на нивно големо изненадување во автомобилот пронаоѓаат повеќе вреќи со пари во кои имало околу 500 000 евра. Полицијата при претресот на домот на дилерот, кој се наоѓал недалеку од местото каде бил уапсен, пронаоѓа уште неколку стотина илјади евра. Вкупната сума на запленетите евра е околу еден милион.

Според полициските извори, ова е за првпат во случајна контрола на полицијата да бидат запленети толку многу пари од трговија со дрога. Уапсениот е ставен во пртивор.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз