Бројни земји во светот се обидуваат на различни начини да ги мотивраат граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Во секое општество има многу нерешителни или мрзливи кои на кои им треба дополнителна мотивација велат стуњчанците. Затоа вакавите акции се насочени кон нив.
Во САД речиси половина жители ја примија првата доза вакцина, а околу 38 проценти од населенитето се комплетно вакцинирани. Но, во моментов количината вакцина која ја има зејмата е далеку поголема од интересот за вакцинација. Затоа властите, активистите и разни здруженија со необични акции се обидуваат да ги мотивираат граѓаните.
Властите во Охајо секоја недела организираат лотарија и оние граѓани кои се вакцинирале имаат можност да добијат еден милион долари. Во Њујорк кон крајот на април секој што ја прими првата доза имаше право на бесплатен џоинт.
Во Мејн за вакцинираните, државата дели бесплатни дозволи за лов, а во Њу Орлеанс, градската власт делеше по половина килограм јастози за вакцинираните.
Примери за вакви неконвенционални методи за мотивација има и блиску до нас. Во кафеаната „Библиотеката кај Милутин“ беше организирана имунизација, а секој што примаше вакцина добиваше порција од волот кој пред кафаната се печеше на ражен. Во Србија, државата дели по 3000 динари за вакацина, дел од трговските центри организираат награди игри, а делат и ваучери за пазарење.
Во Индија, златарите им делеа златни украси за нос на оние што примаа вкацина, а во Романија вакцинација е организирана во дворецот на Дракула, а на вакцинираните им се делат дипломи со кои се „верификува“ нивната бесмртност.
Иако некои од овие методи изгледаат бизарно, ваквиот пристап воопшто не е нов. Слични акции имало на почетокот на 19. век кога луѓето требало да се вакцинираат против сипаници. Тогаш оваа вакцина била нова и имало голема скепса. Затоа властите делеле храна, колачи и дури и медали за оние кои се солгасувале да примат вакцина.
Скепсата околу вакцините е стара колку и вакцините велат познавачите. Кон крајот на 2018 година, пред избивањето на пандемијата на коронавирусот, Светската здравствена организација соопшти дека „противењето на вакцинацијата“ е една од десетте најголеми здравствени опасности во светот.