Параноја поради Мосад во Иран: „Пријавете ги домовите со спуштени завеси преку ден“

Од:

Иран уапси десетици лица под обвинение за шпионажа, додека во Исламската Република расте стравот од инфилтрација на израелската разузнавачка служба Мосад, јавува Си-Ен-Ен.

Од петокот, кога започнаа израелските напади, 28 лица во главниот град Техеран се уапсени и обвинети за шпионажа за Израел.

Човек кој беше уапсен под истото обвинение пред две години беше обесен вчера, во егзекуција што се смета за порака до секој што би можел да соработува со Израел.

Режимот, исто така, уапси десетици луѓе низ целата земја за споделување содржини на интернет „во поддршка на ционистичкиот режим“, обвинувајќи ги за поткопување на „психолошката безбедност на општеството“. Меѓу уапсените имало 60 лица во Исфахан, каде што Израел тврди дека цел на нападот бил нуклеарен објект.

Бранот апсења доаѓа во време кога Техеран сè уште се опоравува од откритијата дека агентите на Мосад успеале да прошверцуваат оружје во Иран пред израелскиот напад и да го користат за внатрешни операции. Иранското Министерство за информации, кое делува како разузнавачка и безбедносна агенција, ги повика граѓаните да пријават сомнително однесување и објави упатства за тоа како да идентификуваат можни шпиони.

Во едно од соопштенијата, министерството предупредува на непознати лица кои носат маски или очила, возат пикап камиони, носат големи торби и снимаат во близина на воени, индустриски или станбени објекти.

Постер објавен од Nour News, медиум близок до безбедносниот апарат на Иран, ги наведува како сомнителни лица кои „носат маски, капи и очила за сонце дури и ноќе“, како и оние кои „често примаат пакети со достава“. Граѓаните се повикуваат да пријават „необични звуци од куќите, како што се врескање, звуци од метални предмети, континуирано удирање“, како и „куќи со спуштени завеси дури и преку ден“.

Друг постер, кој ѝ се припишува на полицијата и објавен во државните медиуми, ги повикува сопствениците кои неодамна изнајмиле станови веднаш да ги пријават во полиција. Иранските новинари за Си-Ен-Ен изјавија дека им е забрането да фотографираат на улица.

Би можело да ве интересира

Холандија испраќа војници на првата линија во Украина

ВИДЕО: Хутите го нападнаа Израел со хиперсонични ракети

Русите влегуваат во Купјанск преку цевките

Предраг Петровиќ

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

Сопругата на убиениот Чарли Кирк: „Немате поим каков оган запаливте во оваа жена“

Предраг Петровиќ

Ирански суд осуди четири лица на смрт за шпионажа за Израел