Со многу креативност, инспиративни говори и барања кои се речиси идентични во секоја држава, беше прославен Меѓународниот ден на жената 8 Март во многу држави во светот.
Овој ден се прославува од 1977 година, кога членките на Обединетите Нации го прогласија за ден на женските права и за мир во светот.
Од агенцијата ЕПА издвојуваме фотографии од жените низ целиот свет кои денеска излегувајќи по улиците побараа, пред се, рамноправност и родова еднаквост.