Папата Бенедикт 16. денеска им вети на врховните поглавари во Ватикан дека ќе ја задржи „духовната блискост“ со нив и после оставката, која ќе ја поднесе следната недела.
Папата на членовите на Римската курија – административниот апарат на Светата столица, им рече дека убавината на Божјото творештво е во тоа „што постојано му противречи на злото на овој свет, на страдањата и на корупцијата“.
Тој, исто така, им се заблагодари на своите помошници на помошта која му ја пружиле.
– Би сакал да ви се заблагодарам на сите вам, и не само за оваа недела, туку за изминатите осум години за време на кои го делевте со мене товарот со голема стручност, приврзаност, љубов и вера, порача папата.
– Оваа благодарност ќе остане со мене, и иако нашата надворешна видлива заедница доаѓа до крајот, останува духовната блискост, останува големото заедништво во молитвата, додаде тој.
Духовното повлекување на папата – период на молитва во Апостолската палата во Ватикан, почна во неделата, за време на периодот на покајување во христијанскиот календар, во очи велигденските прослави.