Папата венча 20 двојки во Рим

Од:

Папата Франциско денеска во базиликата „Свети Петар“ во Рим одржа групна венчавка на која во брак стапија 20 двојки, меѓу кои и такви кои повеќе години живеат заедно невенчани и имаат дури и деца.

При венчавката папата порача дека семејствата претставуваат „тули што го градат општетсвото“ и дека бракот е „вистински живот, а не телевизиско шоу“.

Меѓу оние кои се венчаа денеска се и Габриела и Гвидо кои со години живета заедно и имаат и деца и кои сметале дека во такви околности никогаш не ќе можат да склучат црковен брак. За Католичката црква сексот пред брак е грев, но папата Франциско порача дека „Црквата простува“.

Ова е прва венчавка во Ватикан по 2000 година, кога тогашниот понтиф, Јован Павле Втори венча една двојка во базиликата „Свети Петар“.

Би можело да ве интересира

Ватикан: Папата Франциск денеска ги засили физичките и работните активности

А1он

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска