Папата се извини за злосторствата на Католичката црква врз Индијанците

Од:

Папата Франциско за време на посетата на Боливија се извини за гревовите и злосторствата извршени од страна на Католичката црква врз домородното население за време на освојувањето на американскиот континент во ерата на колонијализмот.

Првиот латиноамерикански папа во историјата „смирено“ замоли за прошка за време на средбата со претставници на домородното население и други активисти, во присуство на првиот боливиски претседател од индијанско потекло Ево Моралес.

Папата Франциско нагласи дека лидерите на латиноамериканската црква во минатото признавале тешки гревови, извршени врз локалното населние во Америка во името на Бог.

Јован Павле Втори за време на посетата во 1992 година на Доминиканската Република се извини на домородното население на Америка за болката и страдањата извршени за време на 500-годишното црковно присуство на континентот.

– Смирено молам за прошка не само за злосторствата на самата црква, туку и за злосторствата извршени против локалното население за време на освојувањето на Америка, изјави Папата Франциско, што беше поздравено со силен аплауз и радосни извици меѓу насобраните луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски