Папата Франсис Први призна постоење на геј лобисти во ватиканската администрација – Roman Curia.
– Постојат приказни за геј лобистичка група и тоа е вистина, таа постои. Во ватиканската администрација исто така постои и струја на корупција, нагласи Папата за време на средбата со претставниците на Конфедерацијата на религиозни мажи и жени на Латинска Америка и Карибите.
Тој најави реформа на Куријата, која е често на удар на критики и која се поврзува со интриги, но нагласи дека тоа ќе биде тешко.
– Не можам сам да ги спроведам реформите, истакна папата Франсис.
Поради тоа е формирана комисија, составена од осум кардинали од целиот свет кои папата ги постави во април и кои првпат ќе се состанат во октомври.