Папата повика за мирно решавање на кризата во Сирија и ги заштити правата на христијаните

Од:

Папата Франциско денеска во Аман повика итно да биде пронајдено „мирно решение“ на кризата во Сирија и да се постигне „праведно решение“ на палестинско-израелскиот конфликт, како и да се почитуваат правата на христијанското малцинство на Блискиот Исток.

Папата Франциско допатува денеска во Јордан, првата станица од својата тридневна посета на Блискиот Исток, во рамки на која ќе го посети Западниот Брег и Израел.

По доаѓањето папата Франциско се заблагодари на Јордан што примил стотици илјади бегалци кои побегнале од граѓанската војна во Сирија, повикувајќи на итно мирно решавање на судирите.

Папата го поздрави Јордан и за „спокојната коегзистенција“ на христијаните и муслиманите во кралството и повика на поголема заштита на христијанското малцинство ширум регионот, обраќајќи се на кралот Абдула Втори и јорданските политички и верски лидери во кралската палата во престолнината Аман.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска