Папата повика за мир на Блискиот Исток

Од:

Папата Франциско синоќа првпат ја одбележа традиционалната церемонија Велики петок, повикувајќи во исто време за мир на Блискиот Исток, „кој го разоруваат неправдата и конфликтите“.

Новоизбраниот аргентински папа ја предводеше церемонијата со која се потсетува на последните часови од животот на Исус Христос, при што процесијата го обиколи Колосеумот во Рим.

Тој ги изговори молитвите и за христијаните во регионот на Блискиот Исток, како и за „нашите муслимански браќа“.

– Христијаните мора да одговорат на злото со добро, примајќи го на себе крстот како што тоа го стори Исус, рече папата Франциско на церемонијата одржана покрај 2.000 години стариот римски амфитеатар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска