Папата: Орбан ми кажа дека Путин планира да ја заврши војната на 9 мај

Од:

Папата Франциско рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му кажал на неодамнешниот состанок кон крајот на април, дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај, Денот на победата на Русија над нацизмот во Втората светска војна.

Тоа го кажа Папата во големо интервју за Corriere della Serra кое беше објавено денеска.

„Орбан, кога се сретнавме, ми кажа дека Русите имаат план и дека се ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и брзината со која се ескалира деновиве. Затоа што веќе не е само Донбас, туку и Крим и Одеса, окупирајќи ги украинските пристаништа на Црното Море“, рече Папата.

„Тоа нема да биде доволно за мир. Јас сум песимист, но мора да направиме се што е можно за да ја запреме војната“, рече Папата Франциско.

Во интервјуто, Папата повтори дека е подготвен да отпатува во Москва за да се сретне со Владимир Путин и ја спореди војната во Украина со геноцидот во Руанда.

Тој додаде дека засега нема да патува во Киев, туку наместо тоа ќе испрати свој претставник.

„Прво треба да одам во Москва, треба да се сретнам со Путин. Јас сум свештеник, што да правам? Ќе направам се што можам ако Путин ја отвори вратата“, рече Папата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа