Папата напиша божиќен текст за „Фајненшл тајмс“

Од:

Папата Бенедикт Шеснаесети во својот прв текст за еден секуларен весник денеска напиша дека Божиќ е време за сериозно размислување.

За денешниот број на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ папата наведува дека Божиќ не е само време на големи радости, туку и време на длабоко размислување и преиспитување на совеста.

Ватикан соопшти дека Папата позитивно одговорил на невообичаеното барање од весникот „Фајненшл тајмс“ да напише текст.

Бенедикт Шеснаесети бил плоден писател за време на својата кариера како бискуп, висок ватикански службеник и папа, се наведува во соопштението на Ватикан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска