Папата ќе ја одржи последната аудиенција

Од:

Папата Бенединт Шестнаесетти (85), кој утре си заминува од Светата столица, денеска ќе ја одржи последната аудиенција, на која се очекуваат стотици илјади верници, кои веќе почнаа да пристигнуваат во Ватикан.

Во градот на папите почнаа да пристигнуваат и кардинали, а кардиналот од Канада, Жан Клод Туркот изјави дека е подготвен да гласа за папа, кој нема да биде од Европа.

Инаку папа утре претпладне ќе се збогува со кардиналите, а попладне во 17 часот со хеликоптер ќе го напушти Ватикан и ќе замина во Кастел Гандолфо, место во близина на Ватикан, каде ќе остане се до обновувањето на манастирот Мати Еклесие.

Неговиот понтификат официјално ќе престане утре во 20 часот, кога почнува периодот на „Празна столица“. Своите црвени обукви папата ќе ги замени со кафени и тој во иднина ќе носи едноставна бела свештеничка облека.

Папата при заминувањето со себе ќе ја земе семејната фотографија, на која се тој, неговиот брат Георг и сестрата Марија, дрвениот крст од родната Баварија, позлатениот будилник, кој го добил на подарок по конклавата во 2005 година, како и чинијата на која е втиснат папскиот грб. Тој ќе ја земе и столицата, која ја добил на подарок на 85-от роденден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска