Јован Павле Втори, поглавар на Римокатоличката црква од 1978 до 2005 година веројатно, на 16-ти октомври ќе биде прогласен за светец, изјави кардиналот Хозе Сараива Мартинис, поранешен член на Конгрегацијата за светци.
Во октомври ќе се навршат 35 години, од инагурацијата на Јован Павле. Бенедикт Шеснаесетти пред 2 години го прогласи за блажен, пренесе „ВИА“.
Кардиналот Мартинс изјави дека постапката е во завршна фаза и дека се проверуваат некои настани, кои што се случија на оние додека се молеа на папата, за кои лекарите немаат научно објаснување.
Според поранешните информации, необични излекувања има стотици, а признавањето на барем некои од нив е предуслов за канонизација.
Елена Георгиевска