Папата Јован Павле Втори ќе биде прогласен за светец

Од:

Поранешниот папа Јован Павле Втори, според најавите од Ватикан, во октомври оваа година би требало да биде прогласен светец. Папата Војтила беше беатифициран на 1 мај 2011 година откако калуѓерката Марија Симон Пиере, која боледувала од Паркинсонова болест, чудесно оздраве, откако, според нејзиното тврдење, мусе молела на покојниот понтиф.

По ова, Теолошката комисија на Конгрегацијата за прашањето на светците призна и друго необјаснивно оздравување на засега се уште неидентификувано лице кое мусе молело за помош на Јован Павле Втори.

Папата Војтила би можел да биде канонизиран на 20 октомври, кога се одбележува 35- годишнината од неговиот избор за папа или шест дена подоцна на датумот на неговата инаугурација.

За завршувањето на процедурата потребна е уште потврда на Конгрегацијата за прашањето на светците, како и потпис на папата Франциско.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска