Папата го помилува својот поранешен собар

Од:

Папата Бенедикт Шеснаесетти го помилува својот поранешен собар Паоло Габриеле кој во октомври поради кражба на доверливи документи за наводната корупција во Светата столица, пренесе Макфакс.

Папата Бенедик Шеснаесетти во саботата наутро го посетил својот поранешен собар Паоло Габреиле во затворот и лично му ја пренел одлуката за помолувањето. Габриеле потоа е веднаш ослободен и веќе е со неговото семејство, соопштија од Светата столица.

Во соопштението на Ватикан, исто така, се наведува дека Папата го помилувал и вториот учесник во аферата која медиумите ја нарекоа „Ватиликс“ Клаудио Скиарпелети, кој беше осуден за помагање на Габриеле.

Габриеле на 6-ти октомври беше осуден поради кражба на документи и му беше одредена 18-месечна затворска казна.

Собарот на Папата, 46-годишниoт Паоло Габриеле е обвинет дека користејќи го пристапот до приватни простории на Бенедикт Шеснаесетти, повеќе месеци крадел и фотокопирал доверливи документи на Папата и под шифрираното име „Марија” му ги доставувал на италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци кој ги објави во книгата „Неговата светост” (Sua santita), откривајќи ги добро сокриените тајни за анимозитет, ривалитетите и корупцијата во Ватикан, особено за вториот човек на Светата столица, кардиналот Таркисио Бертоне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска