Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсис даде поддршка за законот против злоставување на деца во Ватикан и ја прошири листата на законски одговорности на вработените во таа држава.
Според соопштението на Ватикан, декретот кој што го издал папата вклучува и пошироко дефинирање на категориите на криминални дела против припадниците на малцинството, во кое е и детската проституација, сексуалното злоставување и детската порнографија.
Новите закони се дел од пакетот закони од кои Ватикан веќе неколку усвои, како што се законот против расизмот и воените злосторства, како и против кршењето на детските права.
Папата Франсис ја прошири и соработката со други држави за борба против перење пари и тероризам, а ќе продолжи со реформите кои што ги започна неговиот претходник Бенедикт.
Елена Георгиевска