Папата Франсис изјави дека му е жал кога ќе види свештеници да возат скапи автомобили и им порача да избираат нешто поскромно.
Со цел католичката црква да се сврти кон сиромашните, тој им порача на младите свештеници од целиот свет, како и на оние кои се подготвуваат да ја изберат оваа професија, дека луксузот не е патот кон среќата.
-Чувствувам болка кога ќе видам свештено лице со последниот модел на автомобил, тоа не може да го правите. Автомобилот е неопходен, но изберете некој поскромен. Доколку ви се допаѓа некој модерен, замислете колку деца во светот умираат од глад – рече папата, пренесе „Ројтерс“.
Откако го наследи папа Бенедикт, поранешниот кардинал аргентинецот Хорхе Бергољо реши да живее во гостинската куќа во Ватикан, а не во раскошен апартман.
Елена Георгиевска