Папата Франсис, денес по мисата на плоштадот св. Петар, пред вообичаената неделна молитва, на православните верници во светот им го честиташе празникот Воскреснувањето на Исус.
Верската информативна агенција јави дека папата истакнал дека неговата молитва се однесува на сите, но особено на христијаните од Блискиот исток, кои го празнуваат денешниот празник.
Оваа година бројните христијански цркви на Блискиот исток Велигден го слават заедно, исто така и они кои што се во единство со Рим.
Ватикан минатата година дозволи „пробен тест“ кој важи до 2015 година кога, како што се очекува и тие цркви ќе го слават празникот на ист датум.